Натпреварот од ЛШ помеѓу Аталанта и Валенсија виновен за ширење на коронавирусот

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Италијанскиот имунолог Франческо ле Фоке изјави дека натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија може е еден од клучните фактори за ширењето на корронавирусот во Бергамо.

Речиси 40.000 навивачи на италијанскиот тим отпатувале од Бергамо на „Сан Сиро“ стадионот во Милано кој се играше на 19 февруари, што би можело да биде и причина за ширењето на коронавирусот кој однесе дури 93 животи во Бергамо во последните 24 часа.

– Сигурно е дека имало неколку големи катализатори за огромното ширење на вирусот. Натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија може да е еден од клучните. Еден месец помина по тој натпревар, фактите се поклопуваат, илјадници луѓе беа само неколку сантиметри оддалечени еден од друг, се гушкаа и покажуваа емоции.

Сигурен сум дека многу луѓе не сакаа да го пропуштат мечот, иако некој во тоа време имал мала температурата, на пример. Не смееше да се дозовли натпреварот да се игра пред публика – изјави Франческо ле Фоке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот