НАТО нема да испрати војници во Украина за да не стане дел од конфликтот, вели Столтенберг

Јенс Столтенберг / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Северноатлантската алијанса ќе ја зголеми поддршката за Украина, но нема да испрати војници во земјата за да не стане „дел од конфликтот“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Иако ја зголемуваме поддршката за Украина за да се одбрани, не планираме да испратиме војници на НАТО во Украина, ниту да ја прошириме воздушната одбрана на НАТО во Украина. НАТО нема да стане дел од конфликтот“, рече Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Според него, теоретски би било можно да се соборат руски ракети од териториите на Полска или Романија со помош на „Патриот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот