Штипјанка нападната од сопругот со кој се разведува

Семејно насилство. Фото: Архива на Слободен печат

Триесет и деветгодишен штипјанец бил приведен откако неговата сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, пријавила дека физички ја нападнал.

„Денеска на 16.06.2024 година во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.Д.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот