Наставникот што тепаше ученик не доаѓа на работа, ЈО поведе предистражна постапка

Наставник тепа ученик во ОУ Панајот Гиновски во Бутел
Наставник тепа ученик во ОУ Панајот Гиновски во Бутел/ Фото: Скриншот, ТикТок

Наставникот од скопското основно училиште „Панајот Гиновски“, кој беше снимен како шамара седмоодделенец, од четвртокот не оди на работа и ќе биде заменет од друг наставник, соопшти директорката на училиштето, Камуран Реџа. Јавното обвинителство поведе предистражна постапка, а случајот го истражија и од Државниот просветен инспекторат и изготвија записник. По сопствена иницијатива за случајот предмет отвори и Народниот правобранител.

-По наредба на јавниот обвинител, во овој момент проверките ги прави Министерството за внатрешни работи, но и други надлежни органи. Предметот е во фаза на предистражна постапка и согласно закон, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали за дејствијата кои се преземаат во рамките на предистрагата, бидејќи тоа би ја нарушило постапката, соопштија од ОЈО.

Јавноста се згрози по објавувањето на видеото минатиот викенд на социјалната мрежа „ТикТок“. На него се гледа како наставникот му удира шамар на ученик, а потоа го подигнува и треска од земја. Директорката Реџа случајот го пријавила во полиција уште вечерта, откако го видела видеото.

Од Државниот просветен инспекторат информираа дека направиле записник и го доставиле до МВР. Просветните инспектори го осудуија насилството, со кое како што велат, се наштетува на психофизичкиот развој на учениците, на образовниот процес и на угледот на професијата наставник.

По сопствена иницијатива за случајот предмет отвори и Народниот правобранител, иако досега до нив немало поплака за случајот.

Настанот најостро го осудија и од детската амбасада „Меѓаши“, велејќи дека педагозите се луѓе што треба да им укажуваат други доблести на учениците, а не да вршат физичко насилство врз нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот