Настапите на Русите и Белорусите на Вимблдон сè уште се неизвесни

EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Иако организаторите ја укинаа забраната за настап на руски и белоруски тенисери и тенисерки на Вимблдон што беше на сила лани, некои од нив можеби нема да можат да допатуваат во Британија поради проблеми со добивањето на визи

Остануваат помалку од четири недели до тенискиот грен-слем Вимблдон. Минатата година на Вимблдон не им беше дозволен настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки. Откако се соочија со казни, Вимблдон и Британската тениска асоцијација за оваа година најавија дека нема да има забрани за учесниците од овие земји ако потпишат декларација за неутралност.

Но, за да стигнат до Вимблдон, на овие тенисери не им треба само дозвола од организаторот, туку и виза за Велика Британија. И се чини дека има проблеми со добивањето на вакви визи, јавува медиумот „спортс.ру“.

Белорусинката Арина Сабаленка беше првата што го спомена овој проблем. Таа на прашањето на еден навивач дали ќе оди на Вимблдон и рече дека се уште не и е одобрена виза.

По елиминацијата од Ролан Гарос, Русинот Данил Медведев не се изјасни директно, но навести дека и тој може да има потешкотии. Запрашан каков прием очекува од британските навивачи, Русинот рече дека бил среќен кога би можел да отпатува во Британија и да игра на Вимблдон.

Младата Русинка Мира Андреева (16) сè уште нема добиено виза: „Следниот турнир треба да биде Вимблдон. Но, јас сè уште немам виза – да видиме дали ќе можам да играм. Ако не, само ќе избереме други турнири“.

Русинот Карен Хачанов наводно ќе може да оди во Лондон, затоа што има стара виза која се уште важи.

Сега барањата за визи од Русите и Белорусите се разгледуваат најмалку шест недели, затоа што се предмет на дополнителни безбедносни проверки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот