Насковска: Во СОС детското село има 14 згрижувачи кои се грижат за 59 деца (ВИДЕО)

Светскиот ден на згрижувачите оваа година во СОС детското село се одбележа скромно, за разлика од досега, а се со цел да не се изложуваат децата на ризик од коронавирусот.

Јагода Насковска од СОС детското село денеска за Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за пожртвуваноста и посветеноста на згрижувачите.

Во селото има 14 згрижувачи кои се грижат за 59 деца. Згрижувачките семејства се поддршка на биолошките семејства во криза. Некои семејства успеваат да ја надминат кризата, но други за жал не. Во тој случај децата со згрижувачите остануваат до полнолетство и од нивните згрижувачи успеваат да ја добијат љубовта и грижата која што им недостасувала. Затоа ние се трудиме да ја подигнеме свеста кај населението, со цел да се зголеми бројот на згрижувачи, вели Насковска.

Сепак, желбата не е доволна. За да се биде згрижувач потребни се одредени квалитети и познавања.

Во тек е обука „прајд” која се одржува за новите потенцијални згрижувачи. Се обучуваат на пет компетенции, заштита и грижа на децата, познавање на нивните потреби, одржување контакти со нивните биолошки сродници и јакнење на врските помеѓу децата и згрижувачите, објаснува Насковска.

Од 2012 година во селото има и машка поддршка, односно згрижувачките доаѓаат со нивните партнери, со што како што велат од детското село, децата ја добиваат и љубовта која им недостасувала од татковците. Старосната граница за пријавување за згрижувач во СОС детско село е 55 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот