Насилник од Скопје барал пари и кршел, со шипка им се заканувал на неколку жени

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

39-годишен насилник од Скопје бил уапсен рано утрово, откако со метален предмет оштетил влезна врата од куќа во Центар и им се заканувал на повеќе жени кои живеат во куќата, барајќи пари, соопшти полицијата.

„На 18.05.2022 во 02.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.И.(39) од Скопје, затоа што со метален предмет оштетил влезна врата од куќа сопственост на Д.Ф., при што барал пари и се заканил на Х.Д.(65), Ш.Н., Б.Р. и нејзината внука, сите од Скопје, кои живееле во куќата“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот