Насилната жена со психички проблеми утре ќе ја посети тим од Центарот за социјални работи

Фото: Фејсбук/принтскрин

Откако „Слободен печат“ пишуваше за инцидентот во кој наша сограѓанка беше буквално натепана од сосетка со психички проблеми, и настојуваше Министерството за труд и социјална политика да направи проценка на нејзината психичка состојба, денеска од Министерството одговорија дека во најкус можен рок, односно уште утре ќе пратат тим кој ќе ја посети насилната сосетка.

– Во врска со Вашиот допис доставен по електронски пат до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа (МЦСР) Скопје, Ве известуваме дека по истиот ќе се постапи  веднаш согласно позитивните законски прописи и надлежности на Центарот, стои во одговорот што го добивме од надлежните.

Во обид да дознаеме што поточно значи тоа, одговорно лице не брифираше дека уште во текот на утрешниот ден тим составен од стручни лица од Центарот за социјални работи ќе ја посети насилната жена, во обид да ја утврди нејзината состојба, дали и е потребно згрижување во соодветна установа и дали е потребно да се  назначи старател.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Жена со психички проблеми напаѓа соседи во Капиштец, полицијата е немоќна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот