НАСА ќе испрати лигњи и водени мечки во Меѓународната Вселенска Станица

pixabay

Повеќе од 100 бебиња лигњи и 5000 други микроскопски животни ќе бидат лансирани во Меѓународната Вселенска Станица во четврток.

Суштествата заедно со опрема за експерименти, ќе се упати до Меѓународоната Вселенска Станица во „Space X’s Falcon 9“ ракета. Постои надеж дека експериментите ќе им помогнат на научниците да ги сфатат ефектите на вселенското летање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @onautilo

Лансирањето ќе биде прикажувано во живо од НАСА во 19:29 часот во четврток

„Животните, вклучително и луѓето, се потпираат на нашите микроби за да одржат здрав дигестивен и имунолошки систем. Ние не разбираме целосно како вселенскиот лет ги менува овие корисни интеракции“, изјави Џејми Фостер, главната истражувачка на експериментот.

128 лигњи беа избрани за овој експеримент, бидејќи тие имаат сличен имунолошки систем како луѓето, а проучувањето на тоа како тие реагираат на вселенскиот лет може да информираат како да се развијат заштитни мерки за зачувување на здравјето на астронаутите за време на долгите вселенски мисии.

Исто така, на патувањето во вселената се приклучуваат и 5.000 тардигради, познати и како водени мечки. Овие импресивни суштества можат да преживеат во посурови средини од повеќето други живи организми што ги прави идеални за проучување како животот реагира и се прилагодува на екстремни средини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Science Source (@sciencesourcestock)


„Една од работите што навистина сакаме да ги разбереме е како тардиградите преживуваат и се репродуцираат во овие средини и дали можеме да научиме нешто за триковите кои тие ги користат и да ги прилагодиме за да ги заштитиме астронаутите“, рече Томас Бутби кој е исто истражувач, пренесува „BBC“.

Најиздржливото суштество на светот би преживеало и во Чернобил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот