Најиздржливото суштество на светот би преживеало и во Чернобил

Фото: Профимедиа

Луѓето за нив знаат веќе 250 години. Но, кога во 1773 година ги открил германскиот зоолог Џохан Аугуст Епхраим Гезе  и ги нарекол „водни мечки“, уште многу долго другите зоолози немале претстава за колку неверојатни суштества станува збор. Денес суштествата со неверојатни способности за преживување ги викаме долгоживци (Tardigrade) и знаеме дека има 1150 врсти од нив кои растат до половина милиметар.

Екстремно високи и ниски притисоци, температури, како и недостаток на воздух, дехидрација и многу други неподносливи услови за другите живи видови се нормални средини за живот на долгоживците. Од неодамна се знае дека тие имаат способност да преживеат дури 1000 пати повисоки количини на радијација од другите живи суштества.

Тие живеат во сите мориња, во слатки води и влажни подрачја, на копната и бреговите, но и крововите на куќите ширум светот. Во неповолни услови, врстата на долгоножци која живее на копно, се суши и влегува со состојба на анабиоза, и така може да живее многу години, се додека условите за живот не се подобрат.

Така, во 1948 година, на долгоживци кои биле во анабиоза, потполно исушени, научниците им додале вода, за тие по 120 години мирување, повторно почнале да се движат. Во 2007 година научниците ги испратиле и во вселената. Тие успеале да преживеат и во првата можност прекинале да се размножуваат поради условите во вселената.

Овие суштества имаат четири пара на кратки нозе кои завршуваат со мали канџи. Се хранат со билки и помали животни од себе. Кога ќе уловат таква, ја прободуваат и ја јадат.

Освен големата отпорност на радијација, тие се во состојба неколку минути да преживеат температури од 151 степен Целзиусов, 30 години да живеат на температура 20 степени под нулата, неколку дена на -200 степени Целзиусови и неколку минути на -272 степени Целзиусови, што се смета за апсолутна нула. Најстарите пронајдени фосили од долгоживци датираат од 530 милиони години во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот