НАРЦИС ИЛИ ОШТЕТЕН? Вашиот тип на маж открива многу информации и за вас

пар врска љубов

Секоја жена има свој тип на маж кој ѝ се допаѓа и ја привлекува повеќе од останатите, и тоа не само во физичка смисла.

Всушност, многу помалку информации за вашиот карактер откриваат физичките карактеристики на вашиот тип на маж, отколку кога тоа е случај со неговиот психолошки карактер.

Па така, ако ви се допаѓа:

НАРЦИСОИДЕН ТИП

Го избирате затоа што и самите сте такви. Интересно кај нарцисите е тоа што се привлекуваат едни со други, а во врска тие постојано се натпреваруваат кој е подобар од другиот.

ЕМОЦИОНАЛНО НЕДОСТАПЕН ТИП

Го избирате бидејќи мислите дека не ни заслужувате подобро, колку и да звучи брутално. Жените кои избираат ваков маж сакаат да си речат „заслужувам подобро“ и да се повлечат од тоа.

ОШТЕТЕН ТИП

Вие сакате да бидете нечиј спасител, да докажете дека сте добра личност и дека знаете да се грижите за другите. Зад ова можеби и се крие желбата да се искупите за некој стар грев, особено кон поранешен партнер.

ЗАФАТЕН ТИП

Вие имате недостиг на самопочит и самодоверба. Потајно се надевате дека ќе ја прекине врската или ќе се разведе, но се плашите дека ако навистина дојде до тоа нема да знаете како да се снајдете во реална врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот