Направен е увид на местото на несреќата во Илинден, телото на девојчето предадено на обдукција

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Дежурен јавен обвинител заедно со увидни екипи на МВР и обдуцен од Институтот за судска медицина извршија увид на местото на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, се вели во соопштението.

Извршен е разговор со две малолетни лица – сведоци на настанот. Направени се фотографии од местото и се работи на испитување на сите околности што довеле до трагичниот настан.

Георгиевски: Девојчето во Илинден починало од струен удар од жиците на вагон

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот