Напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт „Роберт Кох“

Германска полиција
Германска полиција /Фото: EPA

Неколку напаѓачи фрлија молотов коктел кон германскиот институт за заразни болести „Роберт Кох” во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во Институтот, кој ја советува Владата за мерките за јавно здравје за борба против пандемијата на коронавирусот, биле сведоци на нападот.

„Напаѓачите, кои не се фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не е повреден”, се наведува во соопштението.

Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот