Нападите врз здравството се дел од стратегијата на Русите, а цивилите се користат како шаховски фигури, велат од СЗО

Украина борби / EPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

Од почетокот на руската инвазија регистрирани се повеќе од 80 напади врз здравството во Украина, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Огорчени сме што продолжуваат нападите врз здравството. Од почетокот на инвазијата на Русија, имаше 82 напади врз здравството, што резултираше со најмалку 72 смртни случаи и 43 повредени, вклучувајќи пациенти и здравствени работници, изјави денеска Тедрос.

– Нападите врз здравството се кршење на меѓународното хуманитарно право и мора веднаш да прекинат, додаде тој.

Мајк Рајан, директор на Програмата за итни здравствени ситуации на СЗО, рече дека постои голема разлика меѓу проблемите со пристап до здравствена заштита за време на конфликти и конфликти кои се активно фокусирани на здравството.

– Постои многу голема разлика помеѓу таа ситуација и ситуацијата во која на населението активно му се ускратува пристап до здравствена заштита, каде што навистина отсекувањето на луѓето е дел од тактиката. Тоа е дел од воената стратегија, рече Рајан.

– Тоа не се луѓе фатени во магла на војната. Тоа не се луѓе кои се само погодени од конфликтот. Тоа се луѓе кои се директни цели и се користат како стратешки алатки, како шаховски фигури на ужасна, убиствена табла на која немаат право ниту потреба да бидат, додаде тој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот