Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда, едно лице загина

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда/ Фото: МИА

Едно лице загина, а три се повредени во бомбашки напад во бар во главниот град на Уганда, за кој одговорноста ја презеде милитантната група Исламска држава.

Бомбата експлодирала во саботата вечерта во бар на периферијата на Кампала, при што загинала 20-годишна келнерка, а три лица се повредени, од кои две се во критична состојба, соопшти полицијата.

– Напаѓачите се маскирале како гости, нарачале храна и пијалоци, а потоа поставиле експлозивна направа во пластична кеса под масата, која експлодирала неколку минути откако заминале, изјави полицискиот порт парол Фред Енанг.

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, објавувајќи во неделното соопштение на каналот Телеграм дека нејзините членови активирале експлозивна направа во бар каде што се собирале „членови и шпиони на угандската крстоносна влада”.

Претседателот на Уганда, Ловери Мусевени на Твитер објави дека станува збор за терористички чин, ветувајќи дека сторителите ќе бидат фатени.

Бомбата била поставена една недела откако британската Влада ги предупреди британските граѓани дека „терористите најверојатно ќе се обидат да извршат напади” во Уганда, советувајќи ги да бидат внимателни на јавни места, вклучително и ресторани и барови, јави Би-Би-Си.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот