Најверните фудбалски навивачи го загрозуваат своето здравје, ризикуваат инфаркт

твитер

Новата студија покажа дека пасионираните фанови се под опасно ниво на стрес за време на натпреварите.

Пасионираните фудбалски навивачи додека го гледаат својот тим како игра доживуваат толку интензивен физички стрес со што се доведуваат во опасност да добијат инфаркт, покажа едно истражување.

Како што пренесува БиБиСи, тим од Универзитетот Оксфорд, ја испитувал плунката на бразилските навивачи за време на историскиот за нив пораз од Германија од 1:7 во полуфиналето на Светското првенство 2014 година. Тие открија дека хормонот кортизол, драстично „скокнал“ за време на натпреварот.

Ова може да биде опасно по здравјето на навивачите бидејќи кортизолот  го повишува крвниот притисок и го оптеретува срцето. Експертите не открија дека има некакви разлики помеѓу мажите и жените иако се верува дека мажите се повеќе поврзани за своите фудбалски екипи.

– Навивачите кои се силно поврзани за своите екипи односно имаат силно чувство дека се едно со екипата, доживуваат најголем физиолошки стрес додека ги следат натпреварите. Навивачите кои се помалку поврзани за своите екипи и кои повремено следат натпревари исто така доживуваат стрес, но не толку екстремно – изјави Марка Њусон, докторка-истражувач од Оксфорд Универзитетот.

Зголеменото ниво на кортизол кај луѓето предизвикува чувство на опасност во најава, односно дека животот им е во опасност или се нападнати.=

Претходните истражувања покажаа дека е зголемен бројот на луѓе кои добиваат срцеви удари во деновите кога се играат важни натпревари, без разлика дали станува збор за репрезентација или клуб. Навивачите против стресот се борат со хумор или прегрнување со што се намалува стресот.

Докторката Њусон има предлог на стадионите по крајот на натпреварите веднаш да се намали нивото на светлоста и да се пушта тивка музика.

– Клубовите можат да понудат и прегледи на срце или други здравствени мерки за најверните навивачи – додава докторката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот