Најтопло лето на Арктикот откако се извршуваат мерењата

Фото: Пекселс/lars-bugge-aarset

Во денеска објавениот извештај на американската државна агенција за клима НОАА се наведува дека на Арктикот годинава имало најтопло лето откако се извршуваат мерењата.

Регионот околу Северниот пол имаше највисоки летни температури, објавија научниците од агенцијата во својот годишен извештај, предупредувајќи дека тоа е знак за „забрзување на климатските промени“.

Највисоката точка на ледената покривка на Гренланд се стопи по петти пат во последните 34 години во кои се собираа податоци, а површината на мразот продолжи да се намалува.

Гледајќи го нивото на целата година, 2023 година беше шестата најтопла година откако се одржуваат мерењата, наведува агенцијата ДПА.

Истражувањето, објавено во оваа форма по 18-ти пат, го подготвија 82 научници од 13 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот