Најстудено на Попова Шапка, измерени минус два степени

попова шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Најниска температура од -2 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе и Маврови Анови со -1, 0 во Крушево, 3 Битола, Крива Паланка, Прилеп, Берово, Охрид, Претор, Дебар, 4 Тетово, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Штип, 6 во Струмица, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Дојран и 8 степени во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу дожд 28 л/м2 е наврнат во Маврови Анови, потоа 27 во Крушево и Тетово, 24 Дебар, 20 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Попова Шапка, 19 Лазарополе, 16 Крива Паланка, 13 Битола, Куманово, 12 Скопје-Петровец, Прилеп, 11 Ѓуриште, 9 Демир Капија, 7 Кавадарци, 6 Штип, Виница, 4 Велес, Берово, 3 Пожар, 2 Струмица, Претор, 1 Гевгелија.

Во 7 часот највисока снежна покривка од 18 см има во Крушево, 14 на Попова Шапка, 13 Маврово и 4 см во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот