Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

На Попова Шапка изутрина во 7:30 часот се измерени -4 степени, -2 во Лазарополе, -1 во Маврови Анови, а нула степени во Крушево и Охрид. Три степени се измерени во Берово, четири во Прилеп, Претор и Крива Паланка, пет во Битола, Тетово и Виница, шест во Штип, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Куманово, седум во Велес, Струмица и Кавадарци, осум во Дојран и Демир Капија и 10 во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на Попова Шапка има девет сантиметри снег.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид -1 литар на метар кавдратен.

УХМР информира дека во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно и ветровито. Дуваше претежно северен ветер кој долж Повардарие и на исток беше засилен. Утринава најсилен е ветерот во Штип и достигнува брзина од 40 километри на час, а засилува и ветерот во Скопската котлина.

Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Од изутрина и преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот