НАЈМЛАДА ВО СВЕТОТ: Избрана новата премиерка на Финска

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка на финската влада во историјата.

Марин, која е трета жена на чело на финската влада, го победи синоќа со тесно мнозинство противкандидатката Анти Линдман. Таа ќе го наследи Анти Рине, кој поднесе оставка во вторникот, поради кризата предизвикана од штрајк во пошта.

За Марина гласале 32 членови на Советот на Социјалдемокраската партија на Финска, а за Линдман 29. Марин досега била потпретседателка на социјалдемократите и министерка за сообраќај и комуникации.

Рине поднесе оставка бидејќи партијата на центарот ја повлекла поддршката на неговата влада, наведувајќи како причина недостигот на доверба.

Партијата на центарот го критикувала управувањето со земјата на Рине, во пресрет на двонеделниот штрајк на работниците во државната пошта, кој се прошири и на другите индустрии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот