Најмалку 250.000 луѓе починале од пандемијата на коронавирусот

EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Најмалку 250.000 луѓе досега починале од пандемијата на коронавирусот во светот, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс.

Поголемиот дел од новите смртни случаи и зарази пријавени во последниве денови доаѓаат од Северна Америка и европските земји, но бројот се зголемува и во помали бази во Латинска Америка, Африка и Русија, пренесува „Гардијан”.

На глобално ниво, во изминатите 24 часа регистрирани се 3.062 нови смртни случаи и 61.923 новозаразени, со што вкупниот број достигна 3,58 милиони.

Експертите изразија загриженост дека достапните податоци го намалуваат вистинското влијание на пандемијата, наведува британскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот