Најмалку 19 работници загинаа во рудник за мермер во Пакистан

Опасните услови за работа и лошите безбедносни режими секоја година во Пакистан усмртуваат  стотици работници, кои работат во рудници за јаглен, смарагд, мермер и сол, појаснува ДПА. 

Најмалку 19 работници загинаа, а голем број други се повредени при одрон на карпа во рудник за мермер во северозападен Пакистан, соопштија денеска локалните власти, пренесе ДПА.

Во текот на ноќта падна огромен камен врз работниците во областа Мохманд, во провинцијата Кибер-Пахтунква, изјави началникот на локалната полиција Тарик Хабиб.

-Карпата ги затрупа работниците и го блокира влезот во рудникот. Работниците неколку часа беа заробени внатре, рече Хабиб.

Германската агенција, цитирајќи го спасувачот Билал Фаизи, пренесува дека повредените и мртвите биле извлечени од рудникот по неколкучасовни напори

-Бројот на загинати може да се зголеми бидејќи некои од работниците се уште се заробени, рече шефот на локалната администрација Ифтихар Ахмед.

Опасните услови за работа и лошите безбедносни режими секоја година во Пакистан усмртуваат  стотици работници, кои работат во рудници за јаглен, смарагд, мермер и сол, појаснува ДПА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот