Најмалку 100 куќи изгорени по голем пожар во сиромашен кварт во чилеанскиот град Икике

Фото Fernando MUNOZ / AFP / Profimedia

Во пожар во сиромашен кварт во северниот чилеански град Икике уништени се најмалку 100 куќи, а околу 400 лица се остави без покрив над главата.

Пожарникарите имале големи проблеми во снабдувањето со вода на своите камиони при гаснењето на пожарот, пишува Еуроњуз.

Пожарот бил изгаснат доцна синоќа.

Националното биро за вонредни состојби соопшти дека пожарникарите првично имале проблеми бидејќи водоснабдувањето во областа било прекинато, но подоцна се поврзале со камиони кои носеле вода.

Пожарникарите имале тешкотии во гаснењето и поради тесните улички кои на повеќе места ги спречувале да стигнат со нивните противпожарни возила, па пожарот тргнале да го изгаснат пешки.

Засега не се знае причината која го предизвикала пожарот.

Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени во пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот