Најдобра заштита за организмот во текот на празниците е овој минерал, особено од ковид-19

Фото: Профимедиа

Сезоната на прослави е во ек, а доаѓаат и празниците, уживањата во храната и пијалакот со семејството и пријателите. Во овој период луѓето се опуштаат и помалку водат сметка за своето здравје, што може да биде многу штетно, со оглед на тоа што пандемијата на коронавирус сè уште трае, а и другите болести ги демнат организмите со намален имунитет.

За да имаме шанса во борбата против инфекциите, грижата за телото и имунолошкиот систем треба да ни биде приоритет во овој момент.

Она што не смееме да го заборавиме е јодот, кој е одговорен за функционирањето на нашиот организам во целина. Бидејќи телото не го произведува, јод мора да внесуваме секој ден, бидејќи тој е одговорен за правилното функционирање на тироидната жлезда, метаболизмот, правилното функционирање на нервниот систем и имунитетот. Она што е најважно, во периодот на пандемијата, ни помага во борбата против вирусот!

Истражувањето на д-р Дејвид Дери, објавено во американски стручни списанија, ја нагласува доминантната улога на јодот во зајакнувањето на имунолошкиот систем, особено во борбата против вирусните инфекции и коронавирусот. Покрај добро познатиот факт дека ги елиминира сите патогени, вклучително и деактивирањето на вирусите во телото и на кожата, со што најдобро придонесува за зајакнување на организмот, негова најважна улога е таканаречената апоптоза – програмирано уништување на заразените клетки.

Со консумирањето од 1,5 до 2,4 милиграми јод дневно (во зависност од телесната тежина), го зајакнуваме нашиот имунолошки систем во борбата против грипот. Ја намалуваме и можноста за пренесување на ковид-19, а со самото тоа и смртноста.

Јодот значително влијае на стапката на смртност од ковид-19 кај постарата генерација, покажа минатогодишното истражување на експертите од Националниот ревматолошки центар во Холандија.

Професорот д-р Р. Х. Верхесен ги анализирал податоците за бројот на жртвите во светот предизвикани од ковид-19 и заклучил дека количината на внесен јод има значително влијание врз стапката на смртност кај најстарата популација.

„Епидемиолошките податоци покажуваат дека актуелната пандемија на ковид-19 кај Јапонците, кои се познати по високиот внес на јод, има многу ниска стапка на смртност од ковид-19 во споредба со другите земји, и покрај фактот што Јапонија има најстара популација во светот и дека националните мерки за затворања беа меѓу најблагите“, рекол професор д-р Верхесен.

Јодот најмногу го има во алгите, морската риба и кујнската (јодирана) сол. 

Намирниците богати со овој минерал го намалуваат ризикот од болести, додека стресот го зголемува. Важноста на јодот и неговиот недостаток во храната се докажува со фактот што многу земји пропишале вештачка јодизација на солта. Со оглед на тоа дека сè помалку консумираме солено и користиме разни видови сол, недостатокот на јод во исхраната е евидентен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот