Најбогатите 500 луѓе во светот за еден ден изгубија МИЛИЈАРДИ долари

Долари/ Фото Архива на СП

Драматичен пад на акциите на Волстрит избриша 2,1 процент од нето-вредноста на заедничкото богатство на 500 најбогати луѓе во светот, јавија американски медиуми.

Дваесет и еден член на списокот на милијардери на Блумберг загубија една милијарда долари или повеќе, бидејќи инвеститорите панично реагираа на зголемените тензии меѓу САД и Кина.

Џеф Безос, основачот на „Амазон” претрпе најголема загуба од дури 3,4 милијарди американски долари. Сепак, тој се уште е најбогат човек во светот, со богатство од 110 милијарди долари.

Тие загуби се пресврт за светски најбогатите луѓе кои до вчера бележеа постојан раст на вредноста на акциите на нивните компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот