Најбогатиот човек на светот ја купи најскапата недвижност во Калифорнија

Фото: МИА

Имотот се протега на 13.000 квадратни метри и е купен за 165 милиони долари.

Најбогатиот човек во светот, основачот и шеф на Амазон, Џеф Безос, купи имот на Беверли Хилс за 165 милиони долари, што е рекордна цена некогаш постигната за имот во Калифорнија, јави порталот Инвеститор.ме.

Повикувајќи се на извори блиски до трансакцијата, „Вол стрит џурнал” објави дека Безос го купил атрактивниот имот од медиумскиот магнат Дејвид Гефен.

Се работи за голем имот кој првично бил изграден за поранешниот извршен директор на „Ворнер Брос”, Џек Ворнер, а купувањето следело по минатонеделните информации во медиумите дека Безос и неговата девојка активно бараат дом во Лос Анџелес.

Имотот, кој бил проектиран во 1930-тите, се состои од вила од 13.000 квадратни метри, две куќи за гости, тениско игралиште, базен и голф со девет дупки.

Вклучува и „полигон за мотори” кој има своја гаража и бензински пумпи.

Гефен го купил имотот во 1990 година за 47,5 милиони долари, така што од продажбата оствари огромна добивка.

Претходниот рекорд за купување на недвижен имот во Калифорнија беше 150 милиони долари, кога Лахлан Мердок го купи имотот Чартвел во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот