Надал по седум години триумфира во Акапулко

twitter/#AusOpen

Шпанецот победи на турнирот од серијата 500 откако во финалето во два сета (6:3,6:2) го совлада Тејлор Фриц и ја продолжи трката со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП ранг листата.

На Рафаел Надал му беа потребни само еден час и 15 минути за да дојде до првиот трофеј сезоната и вкупно трет во мексиканскиот град.

Ова воедно е прв триумф за Надал откако организаторот одлучи да ја промени подлогата и наместо на земја, сега се игра на тврда подлога.

Во првиот сет, Американецот Фриц беше рамноправен противник само до шестиот гем (3:3), по што Надал врза три гема во низа и дојде до водство во сетови. И во вториот сет идентична слика, само што овој пат Фриц имаше 2:2 , по што Надал со два брејка и сигурен сервис дојде до 85. титула во кариерата.

Кај дамите, триумфира Британката Хедер Вотсон која со 6:3,6:7,6:1 во финалето ја совлада 17-годишната Лејла Ани Фернандез од Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот