Надал оди на трета гренд слем титула годинава: Сакам победа и на Вимблдон

Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/CATI CLADERA

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ја прес-конференција откри дека ќе настапи на Вимблдон и ќе се обиде да дојде до нов гренд слем трофеј.

Надал по триумфот на Ролан Гарос откри дека во Париз играл под инјекции, а пред настапот бил на ризичен лекарски третман.

– Ќе играм на Вимблдон. По тригодишна пауза повторно ќе играм во Лондон и поради тоа сум возбуден. Не знам што би можело да се случи во следните неколку дена, па еветуално да не настапм. Внимателен сум и верувам дека се ќе биде во ред и ќе се борам за трофејот на Вимблдон – изјави Надал.

Ток откри дека по настапот во Париз, бил на терапија во Барселона, по што состојбата со ногата се подобрила.

– Двапати бев во Барселона на терапија, но да бидеме реални не резултатите не се видливи веднаш. Сепак, болките во зглобовите се намалија – открива Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот