Над 900 војници се вратија во Сирија по завршувањето на борбите во Нагорно Карабах

Војници Сирија
Сирија војници/ Фото Архива на СП

Повеќе од 900 протурски војници од Сирија се вратија во земјата по завршувањето на борбите во Нагорно Карабах, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

На 9 ноември, Азербејџан и Ерменија потпишаа договор за прекин на огнот по повеќенеделен конфликт во Нагорно Карабах.

Турција, која го поддржува Азербејџан, е обвинета за испраќање сириски трупи во отцепениот регион на Азербејџан со мнозинство ерменско население, што претседателот Реџеп Таип Ердоган го негираше.

„Повеќе од 900 војници од протурските фракции се вратија во Сирија во неколку наврати”, соопшти невладината организација.

– Тие се вратија на териториите контролирани од Турција во северна Сирија, изјави Рами Абдел Рахман, директор на Опсерваторијата.

Тој вели дека вкупно 2.580 сириски војници биле испратени во Азербејџан, а во судирите загинале 293 војници.

Франција неодамна повика на „меѓународен надзор” на примирјето во Нагорно Карабах, особено за да се гарантира заминувањето на странски војкници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот