Над 85 отсто од ковид-пациентите во ГОБ „8 Септември“ се приклучени на кислородна поддршка

Вечерва во емисијата „24 анализа“, д-р Владимир Ристовски изјави дека има преку 150 пациенти кои се хоспитализирани во ковид-центарот во болницата 8 Септември.

Според него, повеќе од 85 проценти од пациентите се приклучени на кислородна поддршка.

– Во тријажниот оддел има преку стотина прегледи и цело време ни се јавуваат лица со тешка клиничка слика. Секој ден се прават 20 приеми, а исто така толкав број на пациенти се испишуваат од болницата. Сепак, големите проблеми се и компликациите од вирусот, кои ќе се видат понатаму, истакна Ристовски.

Од Министерството за здравство попладнево соопштија дека во последните 24 часа се направени 3 978 тестирања, а регистрирани се 1 402 нови случаи на коронавирус, што претставува 35 проценти од тестираните биле позитивни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот