Над 8.000 мигранти пристигнале преку Ламанш во Велика Британија годинава

мигранти ламанш
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Повеќе од 8000 илегални мигранти пристигнале во Велика Британија преминувајќи го каналот Ламанш оваа година, покажуваат статистичките податоци.

Од почетокот на 2022 година, 8393 луѓе пристигнале во Обединетото Кралство откако со мали чамци пловеле по прометните поморски патеки од Франција, покажува анализата на Бритиш Прес Асосиејшн изготвена врз основа на податоците на британската влада, пренесува ДПА.

Ова е повеќе од двојно зголемување во однос на бројот регистриран за истиот период во 2021 година (3112) и повеќе од шестпати повеќе од бројот забележан во овој период во 2020 година (1340).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот