Националниот телевизиски сервис на Хрватска ги најави изборите во Косово со српско знаме

Фото: Принтскрин ХРТ

Во Косово се одржаа вонредни паралментарни избоир, на кои поголемиот дел од партиите на косовските Албанци се бореа за 100 пратенички места, додека на малцинските заедници им се загарантирани 20 мандати, од кои 10 на српските партии, објави Index.hr.

На хрватскиот национален телевизиски сервис (ХРТ), во попладневниот дневник, изборите во Косово се најавени со српско знаме. Додека трае целио прилог, забележано е дека во познадината стои знамето на Србија.

Според Index, ХРТ како да подзаборавиле дека во феврувари 2008 година Косово прогласило независност од Србија, но и дека Хрватска го има признаено како независна земја, како и над сто други држави ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот