На првиот училишен ден, Шилегов и Царовска во посета на СУГС „Орце Николов“

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска, на првиот училишен ден во новата учебна 2020/2021 година, го посетија средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“.

Заедно со директорот на „Орце Николов“, Митко Димовски, тие се сретнаа со професорите од ова средно училиште кои држеа онлајн настава за средношколците.

За да се заштити здравјето на учениците и на наставниот кадар од ширењето на коронавирусот, новата учебна година стартува со почитување на строги протоколи и онлајн настава која ќе се изведува преку националната платформа за учење од далечина.

На професорите, но и на средношколците од Скопје, Шилегов и Царовска им посакаа успешна учебна година. Тие изразија уверување дека со меѓусебна соработка ќе се надминат сите предизвици што ги наметна новиот начин на настава.

(ГАЛЕРИЈА) Маски, дистанца и мерење на температура: Првиот училишен ден низ објективот на Слободен печат

Децата нема да учат до 31 август, туку до 10 јуни

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот