На Онкологија приведен е Нино Васев

Нино Васев во анкетна комисија / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

На Клиниката за онкологија каде што полицијата вршеше претрес приведен е Нино Васев поради сомнение за 7 кривични дела, дознава „Слободен печат“. Исто така, приведена е и секретарката на поранешниот економски директор.

Полицијата, според нашите извори на Васев му го одзела и мобилниот телефон.

Како што инфромиравме претходно, утринава полицијата врши претреси кај лекари од Клиниката за онкологија.

Претресите се во рамки на акцијата која пред неколку месеци ја почна ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.

„Слободен печат“ дознава: Утринава уапсени доктори од Онкологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот