На Нов Зеланд ќе им го забранат пушењето на идните генерации

Пушење цигари цигара
Фото: илустрација / Unsplash/Andres Siimon

Нов Зеланд воведува речиси целосна забрана за користење на производи од тутун од следната година, а според последните усвоени прописи, никој што е роден по 2008 година никогаш ќе нема право да купи цигари, јавува „Би-би-си“.

Тоа, според властите, ќе значи дека бројот на луѓе на кои законски им е дозволено да купат тутун и цигари ќе се намалува секоја година. До 2050 година, на пример, луѓето кои тогаш ќе имаат 40 години ќе бидат премногу млади за да купат цигари.

Министерката за здравство Ајеша Верал, која го претстави предлог-законот, рече дека тоа е чекор „кон иднина без чад“.

„Илјадници луѓе ќе живеат подолго, поздрави животи и здравствениот систем ќе биде подобар од 5 милијарди новозеландски долари (3,2 милијарди американски долари) затоа што нема потреба да ги лекува болестите предизвикани од пушењето“, рече д-р Верал.

Стапката на пушачи на Нов Зеланд веќе е на историски најниско ниво – само 8 отсто од возрасните жители на земјата пушат цигари секој ден, што е помалку од 9,4 отсто, колку што, според владините податоци, имало минатата година.

Нацрт-законот исто така е дизајниран да го ограничи бројот на трговци на мало кои можат да продаваат пушачки производи од тутун на 600 на национално ниво (во моментов има околу 6.000), како и да го намали нивото на никотин во производите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот