На лизгалиште во Битола, со маски

На лизгалиштето во Битола синоќа, членови на Платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Земи здив“, се лизгаа со маски.

„Вечерва сакавме да #ЛизгамеСоМаски на лизгалиштето во Битола  со цел да испратиме силна порака дека најбитен е квалитетот на амбиенталниот воздух кој мораме да го дишеме сите ние, а посебно нашите поколенија.

Сите проекти кои вклучуваат активности на отворен простор (посебно на помладата популација) во услови кога имаме присуство на загаден воздух, се повеќе штетни отколку корисни за здравјето на нашите сограѓани.

Мораме да дишеме ЧИСТ ВОЗДУХ ако сакаме ваквата забава и ваквите спортски активности да имаат ефект врз нашето здравје и нашиот квалитет на живот“, се вели во објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот