На кој му пречи ДУИ во учебникот по албански јазик – нека пријави, порачува МОН

Фото: МОН/учебници

Ако некој граѓанин, група граани или здружение имаат забелешки во однос на содржината во некој од учебниците и сметаат дека таа е несоодветна, тоа можат да го пријават до МОН, по што забелешките ќе бидат разгледани и ќе биде донесена соодветна одлука, велат од Министерството за образование и наука откако во јавноста имаше реакции за учебникот по Албански јазик за петто одделение, во кој се среќава Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Од МОН го соопштија ставот во одговор за „360 степени“, откако се прочу дека во лекција од учебникот посветена на кратенките на држави и организации, како пример е посочена и кратенката за Демократската унија за интеграции – ДУИ.

„МОН и Педагошката служба како институција задолжена за спроведување на постапки за изработка и одобрување на учебници се отворени за соработка и за сугестии по содржината на секој учебник. Сите забелешки се доставуваат на електронската адреса: [email protected]“, додаваат од МОН. Учебникот во кој се „протна“ ДУИ е издаден годинава. Негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е министерството.

Во врска со учебникот денеска реагираше и опозициската Алијанса за Албанците, која ова го нарече „скандал“ и побара тој веднаш да се повлече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот