На Харадинај му доцнеше летот за Хаг, па Пацоли му го даде приватниот авион

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Со неколку часовно задоцнување, косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, отиде во Хаг.

Задоцнувањето се случило поради авиокомпанијата со која првично беше планирано патувањето на Харадинај.

Сепак, Харадинај не патувал во Хаг со договорената компанија, јавува КТВ. Јетлир Зиберај, советник на министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли, за Кохавизион потврди дека шефот на косовската владата во оставка, патувал со приватниот авион на Пацоли.

Пред да замине во Холандија, Харадинај зборуваше за „Ројтерс“, потврдувајќи дека ако нема обвинение против него, тој ќе се кандидира со Алијансата за иднина на Косово на изборите.

Инаку, Харадинај денеска на Фејсбук, напишал дека во Хаг оди како државјанин на Косово, додека зборуваше за подготвеноста на земјата да продолжи со разговорите со Србија, но дека конечниот договор меѓу државите треба да биде признавањето на Косово во постоечките граници.

Харадинај минатиот петокот доби покана од Специјалениот суд во Хаг да биде интервјуиран. Ова беше, исто така, и причината поради која тој поднесе оставка од функцијата премиер, бидејќи изјави дека не сака да оди во својство на шеф на Владата на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот