На домашниот пазар ќе се задолжиме со уште 300 милиони евра

Покрај ова задолжување од 700 милиони евра со еврообврзницата, за годинава се планирани и други задолжувања.

– Нето задолжувањето од еврообврзницата е 200 милиони еврам затоа што од овие пари треба да се вратат 500 милиони евра за четвратата еврообврзница. Планирано е и нето-задолжување од 300 милиони евра од домашните кредитори, 80 милиони евра од Европската комисија и 82 милиони евра заеми за имплементација на проекти – рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во однос на домашното задолжување од 300 милиони евра, Бесими рече дека банкарскиот сектор е со добра ликвидност и се очекува тој да обезбеди пари за буџетот онака како што е планирано.

Инаку, вкупниот долг што годинава треба да го врати државата за доспеани кредити е 605 милиони евра.

Според пресметките на Бесими, годинава ќе ја завршиме со јавен долг од 63,4 проценти од бруто домашниот производ, а во наредните години сеочекува негово намалување. 

Бесими: Еврообврзницата што вчера се издаде е со рекордно најниска камата

Државната каса се полни како и пред кризата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот