Вчера беше постигната најниска камата од 1,625 проценти за издадената еврообврзница во висина од 700 милиони евра, информираше министерот за финансии Фатмир Бесими на прес конференцијата која е во тек. Интерес за нашата еврообврзница покажале дури 130 меѓународни инвеститори и понудата била 2,3 пати поголема, односно имало интерес за позајмување на 1,6 милијарди евра.
– Ваквиот голем интерес покажа дека инвеститорите имаат доверба во инвестициските политики што ги водиме и оттука огромниот интерес за еврообврзницата и во време на ковид-криза. Големиот интерес доведе и до рекордно ниска каматна стапка која го обори рекордот што го имавме постигнато со еврообврзницата од 2018 година– рече Бесими.
Каматаната стапка за оваа еврообврзница е значително помала од она издадена на почетокот на кризата, која беше со каматна стапка од 3,6 проценти. Сега постигната камата, како што информираше Бесими е меѓу најниските што воопшто се постигнати во регионот.
Парите од новото задолжување ќе се користат за да се врати направениот долг во 2014 година од 500 милиони евра, направен исто така преку еврообврзница која годинава стигнува за наплата. А преостанатите 200 милиони евра ќе се користат за еконосмки мерки и за потребите за здравството во овој период – за вакцини, лекови и за други потреби за справување со коронакризата.