На Барселона ништо не и оди од рака, Најки им испорачал фалц дресови

EPA/ALEJANDRO GARCIA

Во екипата на Барселона владее вистински хаос, фудбалерите ја загубија довербата во тренерот Кике Сетиен, првата ѕвезда на тимот Лионел Меси ги прекина преговорите за новиот договор, додека претседателот Хосеп Мариа Бертомеу е на удар на јавноста поради неговите „шпионски активности“, односно ангажира ПР компанија која на социјалните мрежи ќе ги оцрнува фудбалерите кои се против неговата политика.

Последниот удар за Барселона е од спонзорот и производител на спортска опрема Најки кој испорачал неквалитетни дресови. Според весникот „Мундо Депортиво“ грешката е откриена на новиот дрес за сезоната 2020/21 кој требаше да биде пуштен во продажба.

Најки испорачал два типа на дресови, „Vapor Match“ и „Stadium“, а кај вториот тип на дресови кои се поевтини во откиено дека тие бледнееат од водата и потта и поради тоа не можат да се продаваат.

Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бертомеу, потпретседателот Ориол Томас и извршниот директор Жоан Карлес Равентос веќе упатила жалба до Најки од кого бара да ја процени штетата и да плати финансиски надомест кој го претрпи клубот бидејќи не може да ги продава новите дресоци.

„Доколку мултинационална компанија како Најки одбие да исплати штета, Барселона е подготвена да оди на суд“, објави „Мундо Депортиво“.


Барселона и Најки пред две години потпишаа нов десетгодишен спонзорски договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот