На автопатот Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар со Ауди возел со 230 километри на час

Полициски службеници на радар забележале лице со возило озило марка „ауди“ како се движи со 230 километри на час. 

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Портпаролот на МВР на денешната прес конференција посочи дека во текот на вчерашниот ден (23.04) санкционирани се вкупно 234 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои 23 се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 111 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот