На Асанж во САД му се заканува затворска казна од 175 години

Фото: EPA/STRINGER

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж може да биде осуден на 175 години затвор, ако одлучи да биде екстрадиран во САД, предупреди вчера американскиот адвокат Ерик Луис.

Тој во своето сведочење преку видео врска истакна дека бара казна за Асанж во висина од околу 20 години, но оти може да биде побарана  и казна и до 175 години.

Луис истакна дека Владата на САД е многу строга кон обвинетите за закана по националната безбедност.

Сослушувањето на Асанж ќе продолжи на почетокот од октомври.

Американските власти го товарат Асанж за хакирање на владините комјутери и кршење на законот за шпионажа поради објавување на доверливи телеграми на Викиликс во периодот од 2010 до 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот