На 31 август ќе се отвори граничниот премин Беланоце-Станчиќ

Вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со заменик-премиерот на Косово, Енвер Хоџаj, денеска го посетија местото каде што се вршат градежните работи на граничниот премин Беланоце-Станчиќ.

Османи и Хоџај одблиску се запознале со напредокот на проектот. Камен-темелникот со кој започна изградбата на граничниот премин, беше поставен на 11 јуни минатата година.

На тогашната церемонија, покрај двајцата премиери, учествуваа и амбасадорите на земјите на ЕУ во нашата земја и на Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова.

Граничниот премин Беланоце – Станчиќ се гради со финансии од ИПА програмата на ЕУ, а се очекува да ја олесни соработката меѓу двете земји, да придонесе за побезбедни гаранции и за социјален и економски развој на пограничниот регион, вклучувајќи и зголемена интеракција меѓу луѓето, јавува Алсат.

Според истиот медиум по денешната посета од страна на официјални лица и двјцата заменици-премиери, како датум за инаугурација, e најавено 31 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот