МЗТ Скопје дефинитивно ќе извиси за АБА лигата ако се прекине сезоната

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Челниците на регионалната кошаркарска лига и екипите учесници денеска имаа состанок на кој ги разгледуваа сите сценарија за актуелната сезона.

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје нема да игра во првата АБА лига доколку сезоната се прекине поради пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на АБА лигата и директор на Цибона, Домагој Чавловиќ, денеска имаше состанок со екипите учесници во АБА лигата на која се разменувале идеи и предлози во случај сезоната да се прекине.

Доколку дојде до тоа сценарио, МЗТ Скопје и дефинитивно нема да биде дел од АБА лигата иако таа ќе се прошири од 12 на 14 екипи.

Ова значи дека ниту една екипа нема да испадне од најквалитетното регионално кошаркарско натпреварување, а нови членови ќе бидат Борац Чачак и СПлит кои на крајот од регуларниот дел од АБА2 лигата беа на првите две места.

МЗТ Скопје е третопласиран и ќе остане без учество во АБА лигата, доколку состојбата со пандемијата на коронавирусот драстично не се промени и не се создадат услови за доигрување на сезоната.

Конечната одлука ќе биде донесена во втората половина од мај кога екипите и АБА лигата уште еднаш ќе се состанат кога ќе мора да се реши судбината на сезоната во АБА и АБА2 лигите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот