МЖСП: Нуредини не им рече на новинарите дека треба да научат албански јазик

Министерството за животна средина до нашата редакција испрати реакција на објавен наш тект, нивната реакција ја објавуваме интегрално.

-Почитувани, во врска со информацијата која што ја споделивте на вашиот медиум насловена: „Нуредини до новинарите: Не би било лошо да го научите албанскиот јазик”, упатуваме реакција со цел да се спречат погрешни информации засновани на недоразбирање.

Имено, Министерот Нуредини на прес-конференцијата на која ги презентираше новите проекти и приоритети зборуваше на албански јазик, при што беше обезбеден превод на македонски, а на англиски јазик одговараше само на прашања на новинари, за што повторно беше обезбеден превод. Особено реагираме за делот во кој што велите дека изјавил: „дека го знае македонскиот јазик, но не би било лошо и новинарите да го научат албанскиот”, бидејќи вакво нешто во ниту еден момент не беше речено од негова страна.

На прашањето на новинарката од македонски медиум во кое таа спомена дека министерот не зборува македонски, а и албанскиот не му е добар, министерот Нуредини и одговори на македонски јазик. При тоа користејќи го јазикот кој што се уште не го зборува добро, неговата изјава е сосема погрешно парафразирана од страна на некои медиуми. Она што тој сакаше да го каже е дека се уште го учи јазикот и не се изразува добро, а дека албанскиот јазик не му лош, но бидејќи новинарката не зборува албански не може да знае какво е неговото познавање на албанскиот јазик.

Министерот Нуредини до новинарите: Не е лошо и вие да знаете албански (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот