МЗ: Чесно е Димитров да каже дека тој не присуствуваше на повеќето седници за ковид мерките

Венко Филипче и Никола Димитров
Венко Филипче и Никола Димитров / Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерството за здравство соопшти дека е изненадено од, како што наведува, „непромислената изјава на вицепремиерот Никола Димитров, со која покажува значителна несериозност кон ковид пандемијата“.

Вицепремиерот денеска на пресконференција истакна дека неговите позиции во Владата „во однос на колегите биле различни на многу теми, како и приодот и мерките против пандемијата“.

– Чесно е Димитров, да каже дека на многу седници на Главниот координативен кризен штаб или на Владата кога на дневен ред беа токму тие точки, тој не ни присуствуваше, туку на седниците го заменуваше државниот секретар. Кога седниците, пак, беа „удостоени” со присуството на вицепремиерот, тој во ниту еден момент не се спротивстави на препораките и на мислењата на стручната лекарска фела која до Владата препорачуваше и советуваше во кои насоки да се движат мерките за заштита од ширење на Ковид-19. Димитров, апсолутно го делеше мислењето со колегите, потенцираат од Министерството за здравство.

Кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, како што посочуваат од Министерството, е една од најголемите во модерното време, а тоа бара одговорно однесување и дејствување во сите сегменти на општеството.

– Од ковид-19 сите трпиме последици, дури и државите кои имаат најорганизиран систем, затоа е важно како ќе реагира секој поединец и како ќе ја разбере својата улога во општетсвото. Оттука неразбирливи се причините поради кои Димитров истапува во јавноста со вакви ставови, истакнуваат од Министерството за здравство.

Димитров: Не се повлеков сам, моите позиции за спорот со Софија се причина што нема да бидам дел од владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот