ИНФОГРАФИК | МВР заплени дрога вредна 200 милиони евра

дрога скопје мвр акција
Запленетиот прекурзор бил натоварен во Шангај, (Кина) и преку Истанбул пристигнал во Скопје / Фото: МВР

Двестотини милиони евра изнесува уличната пазарна вредност на дрогата која вчера беше откриена и запленета на Скопскиот аеродром, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Крајната цел на запленетиот прекурзор бил наркопазарот во земјите од Европската Унија. Оваа супстанца е чист продук од кој се прави смеса .

Станува збор за прекурзор од прва категорија во вкупно запленета количина од 1.105 килограми прашкаста материја. Според лабораториските резултати добиени од примерок од пратката, станува збор за супстанца – прекурзор „1 Phenyl – 2 Propanone” што според член 3 од Законот за прекурзори спаѓа во прва категорија согласно ратификуваните меѓународни договори и меѓународните нормативи и стандарди, истата е на листата за прекузори објавена од Министерството за здравство на која се наоѓаат сите недозволени хемиски материи што се надвор од легитимниот промет. Оваа хемиска материја позната уште и како Phenylacetone и Benzyl Methyl Ketone BMK (P2P) претставува прв прекурзор за добивање на амфетамински тип на стимуланс и се користи за илегално изработување на амфетамин, метамфетамин и МДМА – таблети екстази.

Иако првично беше објавено дека запленетата стока вреди околу 50 милиони евра, со добивањето на крајните производи како амфетамин, метамфетамин и МДМА – таблети екстази,  цената на уличниот нарко-пазар во ЕУ ќе биле фантастични 200 милиони евра. Соговорниците од истрагата велат дека ова е прв пат во земјава да се открие ваква супстанца.

Запленетиот прекурзор бил натоварен во Шангај, (Кина) и преку Истанбул пристигнал во Скопје. На царинските документи било впишано дека во пакетите има лажна хемиска сусптанца во вредност од 2.500 долари.

– Без овој прекурзот кој ја „дига“ вредноста на дрогата и нејзината јачина не може да се произведе во нарко-лабараторија за да се има краен производ – велат истражителите.

Досега во акцијата на МВР се уапсени две лица кои беа приведени на Скопскиот аеродром и се осомничени за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” се спроведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. По произнесување на осомничените и Јавниот обвинител, судијата донел решенија и на осомничениот Н.К. му определил мерка притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот М.З. му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, решенијата и кај двете лица се донесени заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, можност да ја попречи истрагата и да влијае на сведоци и можност да го повтори делото.

Обработка на податоци: Слободен печат / Елисавета Бејкова
Обработка на податоци: Слободен печат / Елисавета Бејкова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот