МВР: Казнети 332 возачи во Скопје од кои 109 за пречекорена брзина

Вкупно 332 санкции меѓу кои 109 за пречекорување на дозволената брзина на движење, се изречени од службеници на Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли на територијата на град Скопје.

Како што соопшти МВР, дел од останатите казни се однесуваат за технички неисправни и нерегистрирани возила (48), за 20 мотоциклисти и за неносење на заштитна маска (37).

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот