Мустафа Карадај ќе биде кандидат за претседател на Бугарија на Движењето за права и слободи

Мустафа Карадај, претседател на ДПС, Бугарија/ Фото: Фејсбук

Движењето за права и слободи го предлага својот лидер Мустафа Карадај за претседателски кандидат на Бугарија. Негов потпретседател ќе биде бугарската европратеничка Искра Михајлова, јави дописникот на МИА од Софија.

Откако беше објавена кандидатурата на Карадај, дел од раководството на Движењето на бугарските Турци влезе во Централната изборна комисија на Бугарија за да ги регистрира своите кандидати за претседател и потпретседател.

Според еден од познатите политичари од партијата, Јунал Лутфи, ДПС дури и задоцниле со кандидатурата. Тој коментираше дека во изминатите 30 години од падот на комунизмот, ДПС се покажа како исклучително важна партија во градењето на демократска Бугарија и беше најстабилна и најпредвидлива.

Според него, многу бугарски граѓани кои не се од нивната етничка група веруваат и ја ценат улогата на ДПС, објасни Лутфи. Меѓутоа, денес, ДПС ја помина фазата да биде баланс во бугарската политика и дојде време, според него, да се игра за учество во власта. Ова е прва кандидатура на Движењето за претседател и потпретседател на Бугарија во 31-та година од формирањето.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот